Синер “поткашлува“ ама се пласира во 3.коло на Вимблдон!

33
ФОТО:facebook.com/wimbledon

Италијанскиот тенисер Јаник Синер се квалификуваше за третото коло на Вимблдон.Актуелниот шампион на лондонската трева во второто коло го победи Португалецот Нун Боржес со 3:0, во сетови 7:6 (4), 7:6 (2), 6:4. Мечот на Централниот терен траеше два часа и 31 минута игра.
Не беше лесно за светскиот тенисер број еден во првите два сета, кои ги доби дури по тај-брејкот.
Во првиот, двајцата тенисери го спасија својот сервис, додека во вториот видовме по еден брејк на двете страни. Синер го доби својот поен во моментот кога Боржес, рангиран на 48-то место во светот, сервираше за израмнување во сетови.
На почетокот од третиот сет имаше ревија на брејкови, Боржес стигна до еден, додека Синер беше двапати беше кобен по сервисот на неговиот ривал. Така, Италијанецот доби предност што ја задржа до крајот и се пласираше во следната рунда.
Противник на Јаник Синер во третото коло ќе биде Американецот Џенсон Бруксби.

ПретходноЛандрит Рама е новиот стопер на Струга ТЛ
СледноВо случај на отказ, Нагелсман ќе добие 14 милиони евра!