Барбарез со солзи во очите: Среќен сум, иако ова е тажен ден за нас

245

Селекторот на фудбалската репрезентација на Босна и Херцеговина, Сергеј Барбарез, со солзи во очите го коментираше поразот од САД:

„Кога не победуваш, секогаш нешто недостасува. За жал, во натпревар каде што имавме контрола, примивме гол во незгоден момент поради наша грешка. За жал, во второто полувреме се обидовме со сè, младите момци заслужуваат комплименти, навистина ми се допаѓаат. Изразот на моето лице кажува колку сум среќен, иако е тажен ден што не влеговме во историја уште еднаш, но продолжуваме понатаму“, рече Барбарез и додаде:

„Многу е тешко да се повторат приказните од Велс и Италија. Пробавме сè, имаше некои ситуации, примивме втор гол. Тоа е спортот.“

ПретходноУште еден изненадувачки трејд: Бостон го испрати Браун во Филаделфија!
СледноЏеко постави рекорд на Мундијалите кој ќе трае само еден ден!