Тотенхем за рекордни 85 милиони фунти го купи Фернандеш од Вест Хем

105
фото: Tottenham Hotspur (X)

Тотенхем го објави ангажманот на 21-годишниот централен играч за врска Матеус Фернандеш од Вест Хем.

Претходно беше објавено дека Спарс ќе плати 85 милиони фунти за играчот од средниот ред, што го прави најскапиот трансфер во историјата на клубот.

„Навистина сум возбуден што го правам следниот чекор. Тотенхем е огромен клуб. Менаџерот одигра клучна улога во мојата одлука да се приклучам на клубот“, рече играчот.

Минатата сезона, Фернандеш постигна три гола, направи четири асистенции и доби седум жолти картони во 36 натпревари од Премиер лигата.

ПретходноВојдан пред денешниот дуел со Ирска: „Со добар пристап и добра енергија до победа“
СледноДенеска на Мундијалот: Мега дуел меѓу Роналдо и Модриќ, Шпанија е фаворит против Австрија