Вора го промовираше Трајков со македонското знаме!(ФОТО)

118
ФОТО:.facebook.com/VORA.Futboll/

Најавено, па потврдено. Она што пред неколку дена „СпортСпорт“ ексклузивно го најави, од денес е и официјално. Имено Димитар Трајков е нов играч на Вора, клуб од елитната лига на Албанија. Инаку напаѓачот е и капитен на нашата У-21 млада репрезентација, а ова за него е и уште една шанса да ги искаже квалитетите надвор од Македонија, уште еден предизвик во кариерата.

Инаку интересно е тоа што луѓето задолжени за социјалните мрежи на Вора, го претставија или ја најавија промоцијата на Трајков со македонско знаме, нешто што не е вообичаено на овие простори.

ПретходноВуду магија или…: Зошто африканските тимови колабираат во истата минута на Светското првенство?
СледноКошаркарите ја „смачкаа“ Ирска и заверија место во главната битка за ЕП 2029