Младинците ја победија и Грција!

118

Нашата машка младинска репрезентација на Македонија запиша уште една победа во рамките на подготовките за Европското првенство. После двете контроли со Саудиска Арабија, нашите момци беа подобри од своите врсници од Грција.

Избраниците на селекторот Игор Илиевски, денес забележаа победа над репрезентацијата на Грција со резултат 29:25, прикажувајќи квалитетна игра и уште една успешна проверка во рамки на подготвителниот период.
Во делот на пријателски натпревари и распоред, Македонија на домашен терен треба да одигра против Италија, дуелот е закажан за три дена.

ПретходноИван Чупиќ во конкуренција за тренер на годината во Лигата на Европа
СледноМу врачија отказ по и-меил на две минути пред полноќ!?