Му врачија отказ по и-меил на две минути пред полноќ!?

115

Нотингем Форест го раскина договорот со главниот тренер Витор Переира на необичен начин, објави новинарот Бен Џејкобс.

Договорот со Португалeцот содржеше клаузула што му дозволуваше на клубот да го раскине до 30 јуни. Вечерта на 30 јуни во 23:58 часот, Форест му испратил и-меил на Переира со кој го известува за раскинувањето на нивното партнерство.

Според изворот, Переира веќе ги испланирал предсезонските подготовки на клубот во Португалија. Покрај тоа, раководството на Нотингем се договорило со него за учество на тимот на предсезонски турнир во Удине, каде што требаше да играат Удинезе и Барселона.

Оливер Гласнер ќе го замени Переира на менаџерската позиција во Нотингем Форест, соопштија медиумите во Англија.

ПретходноМладинците ја победија и Грција!
СледноMACEDONIAN OPEN 2026: Марковски избори второ коло