Селекторот на репрезентацијата на ДР Конго, Себастијан Десабре, доживеа вистински шок на прес-конференцијата по поразот од Англија на Светското првенство. Имено, портпаролот на федерацијата му соопштил дека неговиот татко починал.
Селекцијата на ДР Конго беше поразена од Англија со резултат од 2:1, а херој на Горди Албион беше Хари Кејн, кој со два гола ги одведе во осминафиналето, каде што ќе играат против Мексико.
Сепак, моментот беше засенет од трагична вест. Не е познато точно кога 49-годишниот Десабре дознал за смртта на својот татко, но веста беше јавно потврдена на самиот крај од неговото обраќање до медиумите по натпреварот.
Портпаролот рече на француски:
„Ви благодариме. Сакаме да објавиме дека селекторот го загуби својот татко. Изразуваме искрено сочувство.“
Прес-конференцијата веднаш беше прекината. Десабре изгледаше шокиран што веста беше објавена, па затоа само тивко се заблагодари пред да си замине.










