MACEDONIAN OPEN 2026: Ивановски избори четвртфинале, мечот на Марковски прекинат поради темница

15

Македонскиот тенисер Калин Ивановски успеа да се пласира во четвртфиналето на Macedonian Open откако во мечот во второто коло го победи Лиам Деликата од Малта со 2-0 во сетови (64 63) за 108 минути игра. Поради дождот вчера и должината на мечевите Ивановски на терен се појави доцна попладне и буквално пред стемнување го заврши мечот.

Во првиот сет Ивановски направи брејк за водство од 3:1 во гемови, но Деликата успеа да изедначи на 3:3. Сепак во завршницата на сетот Ивановски имаше уште еден брејк и сетот го заврши со 6:4 во гемови. Во вториот сет македонскиот тенисер стигна и до предност од 4:1, но ривалот направи брејк и намали потоа на 4:3. Следните два гема му припаднаа Ивановски за конечни 6:3.

Утре во четвртфиналето противник на Ивановски ќе му биде Александер Вајс од Италија (носител број 6), кој денеска имаше два меча прво го совлада Амар Хусеиновиќ (Македонија) со 2-0 во сетови, а потоа беше поуспешен од Каспер Симковјак (Полска) со 2-0 во сетови.

Мечот на македонскиот тенисер Обрад Марковски против Владислав Орлов од Украина (носител број 4) е прекинат поради темница во вториот сет при резултат 6:3 во првиот сет и 2:2 во вториот сет. Продолжението на мечот ќе биде утре.

Во конкуренција на двојки Кристијан Јанев и Стефан Мицов го загубија продолжението на мечот со Радослав и Васил Шандаров со 2-0 во сетови (64 64). Македонската комбинација Ѓорѓи Јанкуловски и Дарко Колевски загубија од Никола Керемидџиев и Давид Симеонов од Бугарија со 2-0 во сетови (62 61).

Во второто коло во двојки ќе настапи Амар Хусеиновиќ, кој игра заедно со Роман Постолка од Чешка, нивните ривали Владислав Орлов и Каспер Симковјак го предадоа мечот.

ПретходноДали тој е новиот селектор на Германија? Клаузулата на Јирген Клоп што може да промени сè!
СледноУЕФА: Вардар казнет со 250.000 евра и опомена пред исклучување!