Андреј Јакимовски: Македонија покажа дека не и е местото во претквалификациите!

67

Нашата најдобра кошаркарска репрезентација, вечерва во салата „Лазар Лечиќ“ во Скопје, успеа да слави убедлива победа против составот на Р.Ирска со 77:56. Ова е уште една победа за нашите кошаркар во претквалификациите за ЕП, па така сега одиме во главната рунда.

Андреј Јакимовски уште еднаш беше одличен и беше лидер во нашиот состав со 19 поени.

По мечот тој истакна:

Очекувавме физичка игра од страна на Ирска, така играа и на првиот меч на нивни терен. На крај убедлива победа за нас. Мислам дека ја заслуживме победата, заслужуваме да одиме во наредниот циклус. Честитки до сите играчи“, вели Јакимовски

Мислам дека треба да очекуваме победа и на гости кај Луксембург. Сметам дека не припаѓаме во овие претквалификациите и мислам дека на нас ни е местото на многу повисоко ниво. Мислам дека чекор по чекор ќе стигнеме до нашата цел“ заврши Јакимовски.

ПретходноКошаркарите ја „смачкаа“ Ирска и заверија место во главната битка за ЕП 2029
СледноСилекс го декласираше Балкани во “генералката“ пред гостувањето кај Динамо Минск