Скариоло повеќе не е тренер на Реал Мадрид

34

Серџо Скариоло и официјално повеќе не е тренер на кошаркарскиот клуб на Реал Мадрид.

Клубот и официјално се раздели со искусниот стратег, и следната сезона ќе има нов стратег на кормилото.

„Реал Мадрид и Серџо Скариоло се договорија спогодбено да стават крај на неговиот ангажман како главен тренер на првиот кошаркарски тим.

Реал Мадрид, кој секогаш ќе биде негов дом, му се заблагодарува за посветеноста, трудољубивоста и професионалноста што ги покажа во нашиот клуб и нему и на целото негово семејство им посакува сè најдобро во оваа нова животна фаза.“ – се вели во соопштението на клубот.

 

ПретходноФарук Мемиќ ќе му асистира на Бранко Ангеловски во Е.Пелистер 2
СледноТеодор Тодески и натаму дел од Бутел Скопје