Среќа за Англија што го има Кејн, пред БиХ е светла иднина

127

Во текот на изминатиот ден се одиграа три и тоа како супер интересни натпревари од 1/16 финалето на Мундијалот. Англија со 2:1 се “провлече“ на мечот со ДР Конго, Белгија на еден драматичен начин славеше со 3:2 против Сенегал, а БиХ беше поразена од САД со 0:2.

Наш гостин во рубриката “Коментар на денот“ е редовниот коментатор на “СпортСпорт“, Срѓан Захариевски.

-Ако не беше Хари Кејн…

Ако не беше Хари Кејн тешко дека Англија ќе ја минеше оваа пречка. ДР Конго се прикажа во извонредно светло, особено во првата фаза од мечот. И тогаш кога е најпотребно на сцена стапува Хари Кејн и со два гола прави пресврт и ја носи својата репрезентација во 1/8 финалето. Јасно е дека се работи за страшен играч, голгетер, едноставно доминира. Среќа за Англија што ги има Хари Кејн. Иако Англичаните одат натаму, искрено мене не ме воодушевија и на претходните мечеви. Нешто недостига кај нив. Не можам да сфатам дека го нема Фоден, па и Грилиш. Се игра некако во грч, нема течност во акциите, нема продори еден на еден, нема брзина. А кога напаѓаш статично тогаш јасно е дека тешко се пробива противникот. Има многу работи да се анализираат во врска со играта на Англија. Секако дека и Белингем не е во таа оптимална форма, едноставно немаат класична „десетка“, кој со последен пас би го проигрувал феноменалниот Хари Кејн. Селекторот Тухел си има проблем, тоа е факт, но ајде да видиме како понатаму, иако искрено оваа Англија досега воопшто не ме воодушеви. Еве вчера малку недостигаше да биде елиминирана“.

-Да водиш до 86.минута со 2:0 и да загубиш…

Се разбира дека тука се мисли на Сенегал. Мене навистина не ми е јасно како може тоа да им се случи, уште повеќе ако против себе ја имаш една Белгија која беше во нокдаун, која буквално се предаде. Уште повеќе ако се знае дека Руди Гарсија ги извади од игра Доку и Де Брујне. Нема што, Сенегал се самоуништи, Сенегал сам си е виниовен и можам да биде дециден дека беше чист пенал за Белгија во таа 120.минута кога Тилеманс потоа погоди за 3:2, за победа. Пресуди и искуството на Белгија, не квалитетот. Голема улога одигра и Лукаку кој ја развлече дефанзивата на ДР Конго, стоперите пред се. Инаку кога во 89.минута Тилеманс израмни на 2:2 знаев дека Белгија го добива овој драматичен меч. Сенегалците беа во шок, во последните минути не знаеја каде тераат, но реков, самите си се виновни. Пропуштија голема шанса за пласман во следната фаза“.

-БиХ си оди дома, Американците се во 1/8 финалето…

Па, што да им се замери на Босанците? Го дадоа максимумот, играа против домашна селекција и тоа квалитетна селекција. Треба да бидат горди на себе. И ова што го направија на Мундијалот реално е нивниот максимум. Голема работа за БиХ е што се пласираа во нокаут – фазата. Од друга страна САД иако на 1:0 останаа со играч помалку знаеја како треба да го исконтролираат мечот и заслужено одат во 1/8 финалето. Сакам да завршам со тоа дека не смее да има разочарување во таборот на БиХ. Пред оваа репрезентација е светла иднина. Имаат потенцијал во младите кои веќе имаат искуство со играње на едно СП. Имаат желба и мотив, ги имаат сите предуслови и во иднина да ја радуваат својата земја“ заврши Захариевски.

ПретходноКан и Швајнштајгер согласни: Веќе не личиме на Германија, ја загубивме нашата ДНК
СледноОхрид ќе го врати Јасухира следната сезона!