Некогашниот македонски младински репрезентативец, искусниот лев бек, Теодор Тодески и во иднина ќе биде дел од тимот на РК Бутел Скопје. Клубот предмалку ја објави соработката со Тодески, која што вели дека е потпипан дил за следните две години.
Поточно, Тодески останува дел од РК Бутел Скопје минимум до 2028 година.
Клубот летово, е еден од најактивните на домашната ракометна трансфер сцена и констатно има новости на оваа тема. Се продолжуваат договори со поголемиот дел од играчите од активниот ростер, а и се трага по нови засилувања секако.










