Шапе и Стојанов ги селектираа младинските репрезентации за Зонските квалификации

57

Машката и женската репрезентација на Македонија до 20 години во август ќе учествуваат на Балканските шампионати, кои оваа година ќе имаат улога и на Зонски квалификации за Европското првенство до 20 години кое ќе се одржи следната година.

Селекторот на машката репрезентација до 20 години, Јован Шапе, заедно со неговиот асистент Миодраг Новески го објавија поширокиот список на кој се најдоа 18 надежни одбојкари од девет домашни клубови.

Машката репрезентација подготовките ги започнува на 5 август во Крушево, додека Зонските квалификации ќе се одржат од 25 до 29 август во Софија, Бугарија.

На списокот на женската репрезентација до 20 години, селекторот Деан Стојанов и Мартин Јовановски се најдоа 16 одбојкарки, меѓу кои и дел од репрезентативките кои имаа летово повик и за А селекцијата – сестрите Горбок, како и Митиќ, Сотировска, Тенчева…

Првиот собир девојките ќе го имаат на 27 јули во Скопје, додека Зонските квалификации ќе ги играат од 19 до 23 август во Сараево, БиХ.

ПретходноАбдула Аслани е нов играч на Утрехт
СледноПостекоглу е нов тренер на Роналдо во Ал-Наср