Капитенот на Силекс, и новопечен македонски А репрезентативец, Дарко Анѓелески потпиша нова соработка со тимот од Кратово со што се обврзува да го носи синиот дрес до 2027 година.
Анѓелески летово имаше опција да замине на друго место, затоа што неговиот договор беше истечен но и покрај фактот што имаше неколку понуди за заминување во странство, сепак, играчот за врска се одлучи да остане во Силекс.
Клубот во моментов се подготвува за настап во квалификациите за Конференциската Лига.















