Одлуката да биде ФК Вардар казнет со 250.000 евра поради „двојна“ документација со договори на одредени фудбалери е џек-пот за клубот од Скопје. Од Нион кога станува збор за финансискиот фер-плеј се премногу ригорозни, а паричната казна е одлична за „црвено-црните“ со оглед на тоа дека во минатото на одредени клубови беа „исфрлани“ од натпреварувањата на УЕФА.
Двојни сметки, двојни, договори…. Нереден е Вардар околу финансиите и проблем кој с еталожел во клубот со години и години. Јавно е кажано дека оваа казна Вардар ја добива откако двајца фудбалери Дарко Глишиќ и Мартин Блажевски не успеваат да се договорат со клубот па правдата ја бараат од највисоките спортски инстанци како УЕФА и ФИФА. Тука паѓаат матните игри кои рака на срце ги има и во другите екипи од земјава но ете таму во случај на спор, истиот се решава на маса и без да има интервенција од меѓународните институции.
Како и да е…. Вардар сега е под сериозна лупа, оди по стаклени скали но исто и ФФМ која ја дава лиценцата за настап на клубот на меѓународна сцена. Не е ни чудо УЕФА да прати во периодот кој следи финансиска инспекција кај првакот на Македонија, кој летово ќе заработи минимум 1.100.000 евра токму од УЕФА.
Загрижува опомената, Вардар има и други случаи
Многу повеќе од овие 250.000 евра финансиска казна е опомената која ја има ФК Вардар. УЕФА е децидна – ако вакво нешто се случи во наредните 3 години клубот ќе биде исклучен од натпреварувањата на еврои-сцената.
Јавна тајна е дека уште неколки играчи и доверители го тужат Вардар и сдека нивниот случај е на пат да стигне до портите на УЕФА. Тоа би било фатално.















