Меси и другарите се спасија од голем срам!(ВИДЕО)

268
ФОТО.facebook.com/AFASeleccionEN/

Лео Меси продолжува да испишува историја, а Аргентина продолжува да ја брани титулата откако вечерва во Мајами успеа да слави со. 3:2 против Зеленортските Осторви, а во 1/8 финалето “Гаучосите“ ги чека дуел со Египет.

Но ова беше трилер, ова беше за малку голем срам. Ова беше за малку невидена семзација, ако се знае дека се играа продолженија откако по 90.минути беше 1:1. Ова е голема лекција за светскиот првак, а селекцијата на Зеленортските Острови може да биде горда, и тоа како ги намачи “Гаучосите“.

Лео Меси го одигра 30-тиот меч на мундијалите, го постигна 20-тиот гол а на ова СП по седми пат стрелаше.

Мирен почеток на мечот, Меси и другарите не тргнаа со сите сили по ран гол. Бесконечни беа тие додавања, ама без многу да се троши сила. Првата шанса Меси ја имаше во 15.минута кога малку недостигаше за водство. Три минути подоцна Меси од слободен удар не успеа да го совлада Возиња, ама затоа во 29.минута магија на најдобриот на сите времиња. Лисандро Мартинез убаво го проигра Меси, а овој во негов стил постигна прекрасен гол за 1:0. Во 45.минута Енцо Фернандез опасно се закани, но на пауза се замина со минимално водство на актуелниот светски првак од 1:0.

Во 54.минута З.Острови за малку ќе израмнеше откако Дерој Дуарте прекрасно шутираше, ама голманот Мартинез беше на своето место и го одбрани тој удар. Ова беше лекција за “Гаучосите“ дека не смеат да останат на тие 1:0. Во овие моменти најголемата сензација на Мундијалот и дефинитивно почна да игра поофанзивна, сакаше да дојде до израмнување и сензација.

И таа сензација дојде во 59.минута, кога токму Дерој Дуарте од десно успеа да го совлада Мартинез за 1:1. Каков шок за Меси и другарите. По овој гол невидена радоста за играчите и фановите на Зеленортските Острови.

Меси во таа 63.минута имаше зицер, но и сега Возиња беше поуспешен, ова Лео мораше да го реализира. Десет минути подоцна Меси од слободен удар опасно се закани, но и сега Возиња, голманот на З.Острови одбрани.

Откако по истекот на регуларните 90.минути резултатот беше 1:1, мечот замина во продолженија од 2Х15 минути.

Уште во 93.минута Лисандро Мартинез постигна гол и донесе водство за “Гаучосите“, за голема радост на фановите на трибините од стадионот во Мајами. Но нема крај за проблемите на Аргентина, Кабрал во 103.минута постигна фантастичен гол за израмнување. Сепак Ромеро во111.минута одново носи водство на Аргентина. Уф, каков меч во Мајами. Вистински трилер. Уште ако се знае дека во 116.минута Кабрал од истата позиција како во 103.минута можеше да даде уште еден спектакуларен гол за 3:3, но сега Мартинез со прекрасна парада го спаси својот гол.

На крајот победа на Аргентина од 3:2.

ПретходноДали на повидок е најголемата сензација во историјата?! Аргентина и З.Острови ќе играат продолженија!(ВИДЕО)