Србинот со рекордни 106 победи на Вимблдон: Новак преку Сафиулин до пласман во 1/4 финалето!

298
ФОТО:facebook.com/wimbledon/

Новак Ѓоковиќ, најдобриот тенисер на сите времиња успеа да се пласира во четвртфиналето на годинашниот Вимблдон и со тоа да ја продолжи потерата по 25-тиот гренд-слем трофеј во својата кариера.

Попладнево во меч од 1/8 финалето успеа да го победи рускиот тенисер Роман Сафиулин со 3:1 во сетови.

Секако дека не беше баш така лесно за Србинот, ама се чини дека ја одработи оваа задача по малку и на рутински начин.

Во првиот сет, кој го доби Новак на драматичен начин, се играше тај-брејк а таму беше подобар Србинот со 8:6.

Во вториот сет беше нешто полесно, сетот беше добие со 6:3 па така во тие моменти беше 2:0 за Новак. Во третиот сет рускиот тенисер го подигна своето ниво на игра и го доби со 6:3, за да во четвртиот Новак едноставно не му даде шанса на Сафиулин да освои повеќе од три гема па така успеа да слави со конечни 3:1 во сетови.

Ова беше 106 победа на Вимблдон за Новак Ѓоковиќ, со што е сега апсолутен рекордер во историјата на најголемиот тениски турнир во светот.

ПретходноКошаркарите победнички и во Луксембург за перфектни „шест од шест“
Следно„Вие сте нашата гордост“: Зеленортските Острови ги пречекаа своите херои од Мундијалот!(ВИДЕО)