Калин Ивановски е освојувач на овогодинешното издание на тенискиот турнир Macedonian Open 2026 кој што се одржува во Скопје. Најдобриот македонски тенисер во финалето го совлада бугарскиот претставник Орлов со 2:1 по сетови 6:1, 0:6, и 6:2.
Одлично отворен меч
На самиот старт на мечот Ивановски ја презеде иницијативата и по почетните 1:1, направи одлична серија на освоени гемови, по што го освои и сетот со конечни 6:1.
Во оваа фаза од мечот, на Ивановски едноставно се му одеше од рака што се вели и погоди клучни поени.

Чекор назад во продолжение
Сепак, не одеше се така глатко во ова финале за Ивановски. Во вториот сет противникот се врати комплетно и реализираше поени уште од самиот старт. Направи брејк на време и го одведе сетот во своја насока. Ивановски не успеа да освои ниту гем во вториот сет.

Титулата сепак во рацете на Ивановски
Конечно, во третиот клучен сет, Ивановски одлично отвори со брејк за 2:1, по што нештата беа далеку полесни за него. Ивановски рутински потоа на жешкото скопско сонце ги добиваше своите сервиси, а на крајот обезбеди конечен триумф со 6:2 во третиот сет и титула на Macedonian Open 2026.












