Струга ТЛ има нов напаѓач од Франција

177

Екипата на Струга Трим Лум предмалку го промовираше Хамонд Агамах како свој нов член. Се работи за напаѓач кој што доаѓа од Франција, но има и пасош на Гана.

Целата своја кариера ја има минато во Франција во екипи од понизок ранг.

Во моментов има 29. години и се служи со десната нога.

Ова е само уште еден потез на управата на Струга ТЛ, која што летово прави мини реконструкција на играчкиот кадар и доведува новитети на различни позиции.

ПретходноКалин Ивановски е освојувач на Macedonian Open 2026
СледноХристов „удри“ по битолчаните! Не му требаат Ивановски, Спировски, Ристевски…