Калин Ивановски до фановите: „Ми помогнавте да го освојам турнирот“

87

По победата на турнирот во Скопје 2023 година македонскиот тенисер Калин Ивановски триумфираше на годинашново издание на Macedonian Open. За Ивановски ова беше 13.та победа на последните 14 мечеви, откако се врати на настапите во јуни годинава по паузата поради повредата.

Се вратив, по една година повреди со многу маки. Голема чест е да се игра пред наша публика, ми дававте многу мотив и вчера и денес. Ми помогнавте да го освојам турнирот. Но, ова е само еден турнир. Треба многу сериозно да се работи. Целта ми е да се вратам да настапам на Гренд слем турнир ова е само прв чекор, изјави Ивановски за време на церемонијата на доделувањето на наградите“изјави нашиот најдобар тенисер.

Ивановски ја освои шестата титула во кариерата, а втора на турнир во Скопје.

Инаку, за комплетниот впечаток на турнирот се погрижија Обрад Марковски и Горазд Србљак, кои вчера триумфираа во конкуренција на двојки.

ПретходноКуПС се чекираше во Скопје: Супер – не е многу жешко!(ВИДЕО)
СледноРоналдо потврди: Ова ми е последен Мундијал!