Дошев, Каба и Рибаудо новитети во Арсими

139

Прволигашот Арсими летово прави мини реконструкција на тимот во кој што доведува млади и перпективни фудбалери со репрезентативно искуство.

Во прв ред тоа е Ѓорѓи Дошев, македонскиот младински репрезенаттивец кој што доаѓа по епизодата во Брера Струмица. Тој клуб испадна од елитата и нормално е да си заминат повеќето од првотимците.

На Дошев друштво ќе му прави и досегашниот член на Шкендија, Лорик Каба Јакупи, кој што е пак репрезентативец на Македонија до 19. години.

Конечно, новитет е и италијанскиот интернационалец Салваторе Рибаудо, кој што исто така има искуство со играње во Брера.

 

ПретходноДенеска на Мундијалот: Роналдо против “Фуријата“, Американците сонуваат 1/4 финале
СледноБерокал: „Следува уште поголем предизвик“