Кадетите ги стартуваа подготовките за ЕП

51

Денеска машката кадетска репрезентација на Македонија денес, во спортската сала „Јане Сандански“ во Скопје го одржа собирот, со што официјално започнаа подготовките за претстојното Европско првенство.

Подготовките ќе се реализираат од 6 до 8 јули во Скопје, по што репрезентацијата на 8 јули ќе замине на подготовки во Австрија, каде ќе престојува до 15 јули. Потоа, кадетите се враќаат во Скопје.

Во рамките на подготовките, нашите кадети ќе одиграат и два пријателски натпревари против репрезентацијата на Грција на 18 јули во 18:00 часот и на 19 јули од 12:00 часот.

Македонија ќе настапи на Европското првенство, кое ќе се одржи во Белград, Србија, каде во групната фаза ќе ги одмери силите со:

29 јули: Македонија – Словенија (12:00 часот)

30 јули: Македонија – Франција (12:00 часот)

1 август: Македонија – Шведска (терминот ќе биде дополнително одреден).

ПретходноСтруга ТЛ му се заблагодари на Кочоски!
СледноУкинување на суспензијата на Балогун не е прва на Мундијалите, за првпат преседан е направен во 1962!