Вардар мора да победи во Скопје, КуПС дома е перфектен!

245

КуПС, првакот на Финска попладнево гостува во Скопје на првата пресметка со Вардар во квалификациите од Лигата на шампионите. Тим кој не е атрактиван, тим кој речиси за сите нас е непознат, но и клуб кој во последните сезони е најдобар во Финска, а лани играше и во Конференциската лига каде стигна и до нокаут-фазата. А таму играше во група со Дрита од Косово, клуб на чија што клупа е нашиот Зекирија Рамадан.

„Тежок е ривалот за Вардар. Неатрактивен. а добро организиран клуб со јака и цврста екипа која ја краси одличната кондиција, а дисциплината во играта им е на највисокото ниво. Ќе бидам реален! Ние лани во групната фаза од Конференциската лига одигравме 1:1 како гости. Премногу тежок натпревар и добар бод за нас. Летаа по теренот, ги имаше насекаде – беа подобри! Ги имаше насекаде, „летаат“ по крилата и се уфрлаат многу брзо…“, открива Рамадан кој за СпортСпорт пред неколку дена ни ја скенираше играта на КуПС, денешниот ривал на Вардар, па продолжува…

„Вардар го загуби искуството кое го имаше на меѓународна сцена и тоа во ваквите дуели со непознати екипи е премногу битно. Како да се мине КуПС!? Само со денешна сигурна победа во Скопје. Мора да има победа затоа што финскиот првак на свој терен, на таа вештачка трева речиси е перфектен. Тоа е единственото решение за Вардар. Да ја искористи домашната трева, публика и жешкото време… Ако не се победи дома, мисијата ќе биде невозможна. Ќе видите… лани дома имаа 2:2 со Кристал Палас. Првакот на Финска е многу сериозна екипа. Нивниот тренер околу 34 години и е помлад од некои играчи на Вардар…“, беше коментарот на Зеко Рамадан кој исто така посочи дека и патувањето со градот Куопио е исто така незгодно и долго. Вардар вечерва од 19:00 часот го пречекува КуПС, а Зеко Рамадан еден час порано со неговата Дрита игра на гости кај Каунас Жалгирис, исто така во квалификациското коло од Лигата на шампионите.

ПретходноАлкалоид, ГРК Охрид и уште два тима во ЕХФ Европскиот Куп
СледноФИБА ги одреди носителите на групите, Македонија ќе чека 16 јули!