Алкалоид, ГРК Охрид и уште два тима во ЕХФ Европскиот Куп

159

ЕХФ денеска ги разреши сите дилеми околу останатите две клупски натпреварувања. Македонија и оваа година најмногу претставници ќе има во ЕХФ Европскиот Куп, каде две години по ред пехарот оди токму во рацете на нашите екипи.

Откако ГРК Охрид не доби вајлд-карта за Европската лига, што пак не е изненадување, овој тим ќе игра во ЕХФ Европскиот Куп, каде е бранител на титулата. Во истото натпреварување ќе биде и Алкалоид, кој е првиот македонски тим кој го подигнал пехарот во ЕХФ Европскиот Куп и тоа со 90% македонски играчи.

Двата тима ќе го прескокнат првото коло, истото важи за Бутел Скопје, само ГРК Тиквеш ќе стартува од првото коло.

Двата освојувачи ќе бидат во првиот шешир. ГРК Охрид како актуелен првак е на првото место на ранг лигата, а Алкалоид е на третото место што значи дека до 1/4 финалето на ова натпреварување, овие два тима нема да можат да се сретнат.

Ждрепката за првото коло ќе се одржи на 14 јули.

ПретходноЛина до своето семејство… УСПЕАВМЕ!!!
СледноВардар мора да победи во Скопје, КуПС дома е перфектен!