Лина до своето семејство… УСПЕАВМЕ!!!

133

Најдобарата македонска тенисерка Лина Ѓорческа успеа да го оствари својот најголем успех во кариерата. Влезе во главната рунда на престижниот Гренд Слем Вимблдон или поинаку кажано неофицијалното светско тениско првенство.

Ѓорческа преку квалификациите успеа да стигне до првото коло во кое не успеа да ја мине фаворитката Анисимова. Не е ниту важно. Важна е улогата на нашата најдобра тенисерка која што успеа да стигне онаму каде што мечтаеше од дете. Во името на сите. Во името на сите оние кои стоеја, стојат и ќе стојат зад неа во животниот пат кој што го оди.

Пред се нејзиното семејство. На кое што Лина му се обрати преку социјалните мрежи. „До моите татко, мајка и брат“….Успеавме. Секогаш заедно, Вимблдон и историја за Македонија“….напиша Лина.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Lina Gjorcheska (@linagjorcheska)

ПретходноСтартуваат мечевите од поединечното државно првенство
СледноАлкалоид, ГРК Охрид и уште два тима во ЕХФ Европскиот Куп