Стартуваат мечевите од поединечното државно првенство

15

На терените на ТК Југ од денеска до петок ќе се играат мечевите од државното првенство во двете конкуренции (мажи и жени). Според програмата денеска треба да се играат 16 мечеви на четири терени, односно мечеви од првото и второто коло кај мажите, како и првото коло кај жените.

Во машка конкуренција како прв носител е рангиран Дејвис куп репрезентативецот на Македонија и лански финалист Кристијан Јанев, а носител број 2 е уште еден репрезентативец Стефан Мицов.

Кај девојките носителка број 1 е Теона Андова, додека како носител број 2 е новата македонска тениска надеж Сара Митевска.

ПретходноОхрид не доби вајлд карта, Е.Пелистер наш единствен претставник во ЛЕ следната сезона
СледноЛина до своето семејство… УСПЕАВМЕ!!!