Аргентина – Египет 3:2 е исходот од претпоследниот осминафинален меч на Мундијалот. Уф, каков неверојатен, фантастичен меч во Атланта?. Каков пресврт? Египет водеше со 0:2, ама на крајот 3:2 за Меси и за другарите за пласман во 1/4 финалето.
Светскиот првак беше на работ на бездната, но со головите на Ромеро, Меси и Енцо Фернандез го расплакаа Египет.
Мирен почеток во Атланта. Но се се промени од 15.минута кога Египет сензационално поведе со голот на Јасер Ибрахим, по убавиот шут со глава. Од тие моменти па до крајот на првиот дел “Гаучосите“ беа агресивни, напаѓаа, имаа шанси. Се играше 20.минута кога Хасан го фаулираше Таљафико и тоа беше пенал за Аргентина. Меси ја презеде одговорноста, но голманот на “Фараоните“ Шобир го одбрани тој удар. Ова е втор пенал на Меси на ова СП кој тој не го реализира.
Неколку минути подоцна Мекалистер имаше голема шанса, следуваше шутот на Меси од слободен удар кој заврши во дирекот на Шобир. Се играше 39.минута кога вистинско чудо како Шобир го одбрани шутот на Алварез.
Па така на пауза се замина со тие 0:1 за Африканците.
Во второто полувреме Меси и другарите напаѓаа, постојано беа пред казнетиот простор на Шобир, кој покажа дека е екстра голман.
Во 58.минута фантастична контра на „Фараоните“, Салах му асистира на Зико а овој тресе за 0:2. Сепак радоста ја скрати ВАР собата, на голот му претходел фаулот врз Лисандро Мартинез па така резултатот остана 0:1.
Но, во 68.минута нова контра на “Фараоните“, исто Зико тресеше, но сега голот е признат и сега е 0:2 за Египет. Кој ли ова очекуваше?
Јасно е дека по ваквиот развој на настаните “Гаучосите“ беа нервозни, напаѓаа ама тоа беше крајно неповрзано и стихијно.
Сепак Аргентина во 79.минута намали, Меси асистираше а Ромеро погоди за 1:2. Следува драматичен финиш.
Супер шанса на Лаутаро во таа 83.минута по продорот на Меси, што ли промаши напаѓачот на Интер?
А во 84.минута Меси сам ја заврши работата, гол за 2:2. Осми на овој Мундија и 21 на Мундијалите.
Уф, каков меч. И тоа не беше се. Се играше 90+2.минута кога Енцо Фернадез стрела за целосен пресврт, за победа и за пласман понатаму.










