Полувреме на Арената: Вардар погреши во одбраната и дозволи водство на КуПС (ВИДЕО)

323

Актуелниот македонски фудбалски шампион, тимот на Вардар во моментов го игра првиот од двата дуела против финскиот првак КуПС во рамките од првото коло од квалификациите за Лигата на Шампионите.

На полувреме гостите водат со 0:1 откако корнерот изведен во судиското надополнување од десната страна го искористи Магаса кој што на вториот дирек успеа да погоди по лошата реакција на цеколупната одбрана на Вардар.

Претходно, Закариќ единствено се закани со удар од далечина но Јоханес Креидл одби во поле, а за разлика од домаќинот КуПС имаше идеална шанса за водство по тоа.

Енгвал се најде пред голот на Вардар на пас од десно, шутираше но Талески одлично одбрани.

ПретходноМладинците веќе се во Клуж, „падна“ последниот договор пред дуелот со Норвешка
СледноМакедонија на Европското младинско првенство во пливање со три претставника