Македонскиот фудбалски првак Вардар не успеа да се исправи пред предизвикот наречен фински КуПС и во првиот дуел од првото коло од квалификациите за Лигата на Шампионите, вечерва на Арената Тодор Проески загуби со 0:2.
Она што вечерва Вардар го одигра, односно не го одигра е олицетворение, и показател на он што во моментов најдобриот македонски фудбалски колектив го може односно не го може.

КуПС вечерва одигра онолку колку што беше потребно за и со двете нозе за влезе во следната фаза. Финците тотално доминантни, скоцнентирани, прецизни и едноставно подобри.

Новиот тренер на Вардар, Кристијан Фабиани во своето деби буквално промаши се што можеше да се промаши. Од стартни единаесет, до тактика, преку однос на играчите на терен, па се до измените кои ама буквално не подобрија ништо од играта на Вардар.

КуПС поведе во најдобар можен момент
Ако и нешто има за издвојување, позитивно кога е Вардар во прашање вечерва се тие почетни петнаесетина дваесет минути од мечот. Тогаш Вардар имаше и некаков баланс на терен, имаше удар преку Закариќ, и тоа беше се.
Противникот пак, се закани преку Енгвал, Талески спаси зицер, за да во судиското продолжение и поведе. Антви изведе корнер на вториот дирек, а таму осамен и непречен Магаса погодува за 0:1.

Амра реализира за двојно водство

Само што почна второто полувреме, а финците веќе имаа двојно водство. Ударот на Амра од работ на шеснаесетникот го измани Талески, и тоа веќе беше двојно водство од 0:2 за гостите.
Потоа, Вардар едноставно немаше ниту сила, ниту капацитет да се справи со ситуацијата. Противникот ја умтрви и онака посакуваната игра, диктираше темпо, и не дозволи ама ниту во еден момент да се постави прашањето на исходот на овој меч.
Николов имаше ситуација за намалување на водството во 74. минута кога Вардар некако се префрли на противничката половина но неговиот удар заврши милиметри покрај голот.
До крајот на дуелот КуПС само ги „потроши“ минутите кои за Вардар требаше да значат спас, а го потврдија само она што сите го дознавме во овие деведесет минути… а тоа е дека…
КуПС не е од Финска, туку е од „друга планета“ за Вардар
Вардар – КуПС 0:2 (0:1)
Арена Тодор Проески
Гледачи: 5000
Глацвен судија: Кадир Саглам (Турција)
Стрелци: Магаса 40, Арма 48 (К)
Ж.картони: Босанчиќ, Николов,
Ц.картон: Босанчиќ
Вардар: Талески, Матиќ, Николов, Омерагиќ (Омерагиќ 62), Закариќ, Велковски, Јанкулов, Кастенада (Босанчиќ 62), Пуелио (Маневски 54), Пиреш (Бабунски 76), Торес (Родригес 46)
КуПС: Креидл, Нуху, Пенанен, Енгвал, Геск, Морено, Јуру, Армах, Антви, Магаса, Пуко










