Тиквеш убедливо поразен на првата контрола во Турција

83
ФОТО:facebook.com/FCTikves1930Kavadarci

Фудбалерите на Тиквеш се убедливо поразени од Балтика со 0:5 на првата пријателска средба од подготивките во Турција. Рускиот тим кој настапува во тамошната Суперлига едноставно беше пресилен за кавадарчани па така успеа да дојде и од убедлив триумф.

Инаку ова беше и деби на тренерската клупа на Тиквеш на Оливер Богатинов. Словенецот со македонско потекло ја доби довербата од спонзорот на кавадарчани да го води тимот во наредниот период.

Што се однесува до подготовките, Тиквеш во Турцција ќе одигра уште неколку пријателски мечеви.

Претходно„Турнирот е наместен! И честитам на Аргентина на титулата на ова СП!“(ФОТО)
СледноРистевски, Спировски, Мрмачовски и Димовски ја продолжија верноста со Пелистер!(ФОТО)