Фабијани: Ова е кратко време за да го достигнеме она што го сакам, во Финска одиме по чудо

257

Тренерот на Вардар, Кристијан Фабијани отворено пред јавноста одговори на многу прашања околу вечерашниот дебакл на неговиот тим во рамките од првото коло од Квалификациите од Лигата на Шампионите.

„До тој прв гол на противникот игравме добар фудбал. По десна страна пробивме неколку пати, а после се случи тоа што се случи. Подготовките поминаа добро. Противникот знаевме дека е квалитетен. Подготовките беа успешни затоа што беа базирани на физичка подготовка. Не чека многу работа. Не би менувал нешто драстично… еден месец не е доволно за да се постигне она што го посакува тој.Не го дадовме голот кој што го посакувавме. Дојдов од многу сериозен клуб и од Аргентина. Свесен сум што е Вардар за Скопје и за Македонија. Одиме таму да играме фудбал. Да го смениме чипот. Одиме на туѓ терен да направиме чудо. Измените ги направив поради брзина, и темпо. Самите грешевме, противникот не не натера да направиме грешки. Измените беа тактички. Вардар самиот е виновен за се што се случи вечерва. Ќе ја затвориме устата и ќе работиме“ – рече Фабијани.

 

 

ПретходноНутинен: Задоволен сум од она што го одигравме
Следно„Турнирот е наместен! И честитам на Аргентина на титулата на ова СП!“(ФОТО)