Охрид не доби вајлд карта, Е.Пелистер наш единствен претставник во ЛЕ следната сезона

129

Македонскиот ракомет ќе има само еден претставник во Лигата на Европа следната сезона.

Тоа е тимот на Е.Пелистер кој што од првиот шешир ќе ги чека противниците за групите.

Од друга страна пак, тимот на Охрид не доби валјд карта за настап во второто по ред квалитативно ракометно натпреварување во Европа, и наместо тоа повторно ќе биде дел од  ЕХФ Европскиот Куп.

Е.Пелистер во првиот шешир е заедно со Фленсбург, Нексе, Татабања, Савехоф, Извиѓач, Бенфика и Бидасоа Ирун, а ждрепката е на 17 јули.

Ќе се формираат осум групи по четири екипи, прво и второпласираните продолжуваат во елиминациите, а првото коло од групната фаза е на 29/30 септември.

Лига на Европа, групна фаза:

шешир 1: Фленсбург (Германија), Нексе (Хрватска), Татабања (Унгарија), Савехоф (Шведска), Извиѓач (Босна и Херцеговина), Еурофарм Пелистер (Македонија), Бенфика (Португалија), Бидасоа Ирун (Шпанија)

шешир 2: Валур (Исланд), Кадетен Шафхаузен (Швајцарија), Елверум (Норвешка), Лимож (Франција), Карвина (Чешка), Гранољерс (Шпанија), Татран Прешов (Словачка), Гумерсбах (Германија)

шешир 3: Сесвете (Хрватска), Хафнарфјордур (Исланд), Бузау (Романија), Сен Рафаел (Франција), Слован (Словенија), Шамбери (Франција), Торелавега (Шпанија), Ла Риоха (Шпанија)

шешир 4: ЧСМ Букурешт (Романија), Маритимо (Португалија), Агуаш Сантас (Португалија), Морс (Данска), Бергишер (Германија), Холстебро (Данска), Вибжеже Гдањск (Полска), Хамарби (Шведска)

ПретходноМерино повторно е „џокер“ на Шпанија, селекторот Де Ла Фуенте има огромна заслуга за победата
СледноСтартуваат мечевите од поединечното државно првенство