Ристевски, Спировски, Мрмачовски и Димовски ја продолжија верноста со Пелистер!(ФОТО)

122
ФОТО:.facebook.com/FC.PelisterBitola

ФК Пелистер продолжува со екипирањето на екипата за следната сезона, во која ќе се натпреварува во ВМФЛ. Клубот од Битола и официјално ја продолжи верноста со четворица играчи, а тоа се Кире Ристевски, Стефан Спировски, Јован Мрмачовски и Натаниел Димовски.

Сите четворица потпишаа нови договори на една година и ќе бидат дел од тимот кој ќе се обиде веднаш да се врати во елитната фудбалска лига на Македонија.

Новиот шеф на стручниот штаб, Борче Христов стартот на подготовките го закажа за в четврток.

ПретходноТиквеш убедливо поразен на првата контрола во Турција
СледноБез победник во “македонското дерби“ во ЛШ, Рамадан со 1:1 на гостувањето во Литванија