Јанис го одбра дресот со број 7 во Мајами

75
фото: Miami HEAT @MiamiHEAT (X)

Новата ѕвезда на Мајами, Јанис Адетокумбо официјално беше трансфериран од Милвоки во Мајами вчера, по што и официјално беше преставен неговиот нов дрес.

31-годишниот Грк следната сезона во дресот на Хит ќе го носи бројот 7.

Јанис, кој помина 13 сезони со Бакс носејќи го бројот 34, рече дека сака да го задржи својот стар дрес како дел од неговото наследство во Милвоки засекогаш.

Мајами работи на наоѓање решение за навивачите кои веќе го купија дресот на Јанис со број 34 во Хит.

ПретходноШкендија замина за Гибралтар, Силекс отпатува за Стара Загора
СледноБутел се засили со двајца млади ракометари