Каде е „Клајне“? – На “тренинг“ во Скопје или чека „дил“ со Брегалница?

788

Александар Таневски – Клајне со ФК Скопје избори влез во елитата на Македонија. Но, тој вчера не го водеше тренингот на „пиратите“ кои со задоцнување означија старт на подготовките. Тренерот наводно нема да остане на Автокоманда а изминатите денови неговото име се поврзуваше со Брегалница и негова преселба во Штип со новите спонзори кои го превземаат овој клуб кој исто така лани се избори за кам-бек во елитното друштво.

Малку е збунувачка целата оваа ситуација околу тренерот за кој од ФК Скопје сеуште немаат информирано дали останува на нивната клупа. “СпортСпорт“ дознава дека денеска се решаваат крупните „зделки“ во Брегалница и дека дошол новиот газда од Германија кој веќе имал средби и договор со Александар Таневски.

Но, од друга страна пак голем е револтот во Штип околу начинот на кој се обидуваат да го тргнат Влатко Костов. Не се знае кој и каде ора и копа во овој наш фудбал…

ПретходноВасоски го објави стартниот состав за дуелот со Динамо Минск
СледноМакедонецот Матеј Гаштаров го продолжи договорот со Ц.Звезда! (ФОТО)