Филип Талески е осмото официјално засилување на ГРК Охрид за наредната сезона!

128
Македонскиот лев бек, Филип Талески потпиша договор со ГРК Охрид за сезоната 2026/2027 со можност за продолжување за уште една година, тој ќе го носи дресот со број 28.
Талески доаѓа од екипата на Татабања, Унгарија. Потекнува од школата на Металург, а рано замина во бундеслигашот Рајн Некар Левен (освои бундеслигашка титула), а во Германија играше и за Балинген. Пред тоа играше за РК Вардар 1961 и Бенфика (Португалија).
“Потписот за ГРК Охрид за мене претставува нов, голем предизвик и исклучително мотивирачки проект. Клубот покажа огромна желба, сериозна визија и амбиција кои целосно се поклопуваат со моите лични и спортски цели. Среќен сум што ќе го носам дресот на Охрид, клуб кој незапирливо расте и има фантастична публика. Охрид заслужува големи ракометни успеси, а јас сум тука да го дадам својот максимум на секој натпревар за да ги оствариме зацртаните цели на клубот како во домашното првенство, така и на меѓународна сцена.”, изјави Филип Талески.

ПретходноЈубилеен 70-ти европски меч за тетовци: Шкендија сака со победа да и покаже на Европа кој е кој!
СледноДрама во норвешкиот табор пред Англија, го напуштија луксузниот хотел!