Чешко финале на Вимблдон: И Носкова се “чекираше“!

33
ФОТО:.facebook.com/wimbledon/

По трет пат во последните четири години – тенисерка од Чешка ќе го освои Вимблдон. Каролина Мухова, деветтата тенисерка во светот, и Линда Носкова, 12-та тенисерка на ВТА листата, ќе се сретнат во финалето. Пред неа, шампионки на Вимблдон во сингл беа Чехинките Барбора Крејчикова (2024) и Маркета Вондрушова (2023).
Во полуфиналето, Носкова ја победи Украинката Марта Костјук со резултат од 6:4, 6:4, по 81 минута игра и со тоа си закажа битка за титулата на Вимблдион против својата сонародничка Мухова.

Се разбира дека ќе биде интересно во сабота попладне за кога е закажано финалето во женска конкуренција на Вимблдон.

Претходно„Да ги набијам на к** Инфантино, Трамп, ФИФА и уште еднаш Инфантино!“
СледноВикингот Халанд го освојува Британскиот остров: Филмска најава за мега дуелот Англија – Норвешка!(ВИДЕО)