Алфред е една од трите најбрзи жени во историјата на 200 метри

31

Олимписката атлетска шампионка Жулиен Алфред влезе меѓу трите најбрзи жени во историјата на 200 метри.

Вчера Алфред триумфираше на трката на Дијамантската лига во Монако со време од 21,51 секунда. Ова е петто најбрзо време во историјата, а само две атлетичарки претходно трчале побрзо од неа.

Од 1988 година, светскиот рекорд го држи Американката Флоренс Грифит-Џојнер (21,34). Второто, третото и четвртото време (21,41; 21,45; 21,48) ги постави Шерика Џексон од Јамајка помеѓу 2022 и 2023 година.

25-годишната Алфред која трча за Света Луција, на Олимписките игри во Париз во 2024 година го освои златото на 100 метри, а беше сребрена на 200 метри.

ПретходноКуПС ќе го пречека Вардар со полни трибини и македонска „шведска маса“
СледноШпанија покажа дека знае како треба, Мерино е херојот