Марк Маркес најдобар на спринтот во Германија

32

Во пресрет на утрешната трка во Мото ГП шампионатот, која викендов се вози во Германија, на денешниот спринт најдобро време постигна Марк Маркес.

Шпанецот веќе дванаесет пати има победено на оваа патека и е најдоминантниот возач во историјата.

Денеска со тотална супериорност обезбеди прво место, пред Алекс Маркес, односно Фабио Ди Џанатони.

Ова за Маркес е 19 победа во спринт трка во историјата. Ако на сето ова се додаде дека ја има и пол позицијата за утрешната трка, нештата стануваат јасни кој е фаворитот.

ПретходноМакедонија „бетонирана“ во третиот шешир за квалификациите за ЕВРО 2028
СледноГерманија има „дил“ со Клоп за селекторското место