Бутел Скопје ја продолжи соработката со уште еден домашен ракометар

229
Бутел Скопје продолжува со градење на составот за новата сезона во која на клупата ќе биде Стојанче Стоилов. Главната цел на тимот на поранешниот македонски репрезентативец е создавање наа „ростер“ со домашни играчи.

Најновот од Бутел Скопје е продолжувањето на соработката со уште еден ракометар. Станува збор за Стефан Зенговски кој во тимот ќе остане и во следните две години.

„Десното крило потпиша нов договор и ќе остане во нашиот клуб најмалку до летото во 2028 година“, пишаа од Бутел Скопје.
ПретходноХаланд со емотивна порака: Ја ставивме Норвешка на фудбалската мапа
СледноБелингам за Тухел: Можеби не знае како е да се игра во вакви услови…