Четворица македонски тренери со ФИВБ Левел 2 лиценца

46

Македонските одбојкарски тренери Кристијан Ристески, Атанас Милев, Ѓоко Јосифов и Хабил Ајети успешно го минаа меѓународниот ФИВБ Левел 2 курс за одбојкарски тренери, кој се одржа во хотелот „Адор“ во Приштина, Косово.

Ристески и Милев, кои се дел од стручниот штаб на машкиот сениорски национален тим, како и Јосифов, кој веќе неколку години ја гради својата тренерска кариера во Австрија и Ајети, кој работи со женскиот подмладок успешно го завршија процесот на предавања, практични сесии и професионално тестирање, на кој учествуваа 24 тренери од различни земји.

Четворицата тренери со овој курс направија чекор напред во професионалната тренерска надградба и им останува уште еден семинар за да дојдат до највисокото ниво – ФИВБ Левел 3.

ПретходноМекгрегор за 69 секунди борба заработи милиони долари
СледноБелингем: Мајка ми ми помогна да не добијам уште еден жолт картон