Директни преноси на ТВ: Вардар на Арена Спорт М1, Шкендија на МТВ!

174

По подолго време, конечно натпреварите од сите наши претставници во фудбалска Европа ќе ги има на ТВ и тоа со директни преноси. Вардар утре од 17 часот игра на гости кај КуПС, а за овој меч е обезбеден е директен пренос на Арена Спорт М1. Познато е дека финскиот шампион на првиот меч од 1.квалификациско коло во ЛШ, во Скопје победи со 2:0, па така мали се шансите Вардар да стори нешто на овој реванш.

Во четврток двата наши тима, Шкендија и Силекс играат дома и во исто време, од 20 часот.

Па така директен пренос од Арената “Тодор Проески“ од мечот Шкендија – Европа ќе има на МТВ, додека од мечот Силекс – Динамо Минск од ФФМ, ќе има на Арена Спорт М1.

ПретходноПочина судијата кој беше исфрлен од СП поради педофилија!(ФОТО)
СледноСпоред германските медиуми: Најавениот инвеститор во Брегалница, во Германија водел клуб на раб на банкрот!