Вардар треба да нападне, тоа е добро за нас…

174
ФОТО:.facebook.com/KuPS1923/

Македонскиот првак е пред тешка мисија. Утре му гостува на финскиот првак КуПС во градот Куопио во меч на кој Вардар влегува со негативата од скопските 0:2. Во фудбалот се можни и невозможни мисии но со оглед на тоа како се води и менаџира првакот на Македонија, шансите за чудо се речиси и сведени на „нула“. Дека тоа е така потврдува и Мика Нутинен, тренерот на КуПС кој го кажа својот став пред новата рунда со „црвено-црните“ од Скопје.

Имаме добар, одличен резултат од Скопје. Но ние во овој натпревар влегуваме со максимален фокус и респект кон противникот. Не е се готово, мора максимално да се одработат и новите 90 минути кои се пред нас“, најавува младиот, 34 – годишниот стратег кој пред една недела во Скопје ја забележа првата европска победа на неговиот КуПС како гостин. „Вардар има негатива и треба да нападне. Тоа ќе ја смени многу играта од онаа што ја имавме и што ја видовме од првиот натпревар. Ќе тргнат да дадат гол, нема да се предадат така лесно и тоа е добро за нас. Добро затоа што ќе имаме повеќе простор и шанси да го загрозиме противничкиот гол. По натпреварот имавме долг пат до дома, па малку рехабилитација но имавме пауза и доволно време за добри тренинзи. Подготвени сме...“, е коментарот на Нутинен кој очекува полн стадион, добра игра и нова победа на неговиот КуПС против Вардар.

Натпреварот од првото квалификациско коло од Лигата на шампионите се игра утре од 17 часот на северот од Финска.

ПретходноСпоред германските медиуми: Најавениот инвеститор во Брегалница, во Германија водел клуб на раб на банкрот!
СледноОдработен тренингот во Куопио: Вардар пред (не)возможна мисија!(ФОТО)