Македонските претставници во женска и машка конкуренција во ЕХФ Европскиот Куп ги добија своите противници во во ова натпреварување.
ЖРК Вардар ќе игра против тимот на Бриксен од Италија. „Црвено-црните“ тргнуваат од второто коло ќе се игра 3/4 октомври, реваншот е една недела подоцна (10/11 октомвти). Победниците од 22 двомечи ќе се пласираат во третото коло, каде ќе им се приклучат уште десет екипи кои се слободни во оваа рунда и директно ќе ја започнат својата европска сезона во ноември.
Вардар по пауза се враќа во ЕХФ Европскиот куп, натпреварување во кое сезонава ќе учествуваат вкупно 54 клуба од целиот континент.
КАВДАРЧАНИ ДОБИЈА ПРОТИВНИК ОД ЛУКСЕМБУРГ
ГРК Тиквеш пак ќе стартува од првото коло. Кавадаречкиот тим ќе игра двомеч против Хендбол Е. од Луксембург.
Првата рунда започнува викендот на 12/13 септември, по што следува реваншот една недела подоцна, на 19/20 септември 2026 година.
19-те вкупни победници продолжуваат во втората рунда во октомври, кога преостанатите 45 учесници кои го прескокнаа првата рунда ќе влезат во натпреварувањето.
Во ова натпреварување се актуелниот првак ГРК Охрид, првиот македонски тим кој го подигна пехарот, Алкалоид и Бутел Скопје.










