Михаил Маневски: Против Рига да ја поправиме сликата пред нашите фанови!

94

Вардар вчера во Куопио одигра добар натпревар во реваншот против КуПС во рамките на 1.квалификациско коло во Лигата на Шампионите. Успеа да победи со 2:3, во меч во кој имаше и продолженија, но сепак тоа не беше доволно за минување во следната фаза.

Бекот на Вардар, Михаил Маневски со кус коментар по елиминацијата во квалификациите во Лигата на Шампионите, а во пресрет на двомечот со Рига во 2.квалификациско коло во Лигата на Конференции.

Натпреварот во Финска го одигравме добро. Успеавме да победиме, но за жал со недоволна разлика да одиме понатаму. Во текот на мечот се држевме добро, но во продолжението на виделина излезе оној плус што КуПС го имаше уште пред овој двомеч, тоа е што е во натпреварувачки ритам. Сега ги продолжуваме европските настапи во Конференциската лига, каде следи двомеч со летонска Рига. Ќе го дадеме најдоброто од себе, првиот меч ни е дома и ќе се бориме да ја поправиме сликата пред нашите навивачи“ истакна Маневски.

ПретходноФИФА продолжува да изненадува: Еве што ќе се смени во финалето на СП!
СледноПромоција: Муарем Муарем и официјално на клупата на ФК Скопје!(ФОТО)