По повеќе од 14 години, машката У16 ватерполо репрезентација на Македонија повторно ќе настапи на официјално меѓународно првенство. Во периодот од 16 до 19 јули, нашите млади ватерполисти ќе ја претставуваат државата на Балканското првенство во Солун, Грција.
Овој настап има историско значење бидејќи претставува враќање на македонското ватерполо на меѓународната сцена и важен чекор во развојот на новите генерации репрезентативци.
Иако станува збор за У16 првенство, македонската репрезентација на овој турнир ќе настапи со значително помлад состав, составен претежно од играчи родени 2011 и 2012 година.
Целта на стручниот штаб е овие млади ватерполисти уште сега да стекнат драгоцено меѓународно искуство, да се развиваат низ силни натпревари и да изградат генерација која во наредните години ќе биде носител на македонското ватерполо.










