Со пресврт, младите кошаркари до победа над Азербејџан

71
фото: fiba.basketball

Машката младинска кошаркарска репрезентација на Македонија за играчи до 20 години ја оствари и втората победа на Европското првенство од Б дивизијата, кое се одржува во Словачка. Со голем пресврт во второто полувреме, вечерва нашите млади кошаркари дојдоа до победа од 67:57.

Во првиот дел видовме многу подобра партија на Азербејџасн, кој во првиот период направи разлика од 25:16, ние се вративме за момент во вториот период, но главната четвртина за нас беше онаа третата, кога момците на Никола Велев успеаја да направат +10 и комплетно да се вратат во мечот.

Во послендиот период ја задржавме формата и на крајот успеавме да славиме.

Ќириловски со 16 поени беше најефикасен во нашиот состав, а Лукановски за врши со 15. Двоцифрен беше и Младеновски кој заврши со 10 поени.

ПретходноИ Хаити реши да го смени селекторот
СледноПресврт за паметење: Аргентина вторпат по ред во финалето на Мундијалот! (ВИДЕО)