Уште едно големо признание за македонската кошаркарска судиска школа. Македонскиот интернационален судија Зоран Митровски е делегиран да ја дели правдата на финалниот натпревар Украина-Исланд, од Европското првенство за играчи „Под 20“ години, Дивизија „Б“, кое денеска завршува во Братислава.
По одличните оценки за своите настапи во текот на шампионатот, ФИБА Европа му ја довери најважната судиска задача на првенството, што претставува уште едно признание за неговиот квалитет, професионалност и континуитет на меѓународната сцена.
Делегирањето на Митровски за финалниот натпревар е потврда за високото реноме кое го ужива македонското судење во европската кошарка и уште еден успех за македонската кошарка на меѓународен план.










