Нејц Цехте е десен бек кој минатата сезона ја заврши кај финалистот на Лигата на шампионите, екипата на Фуксе Берлин од Германија, a во новата сезона ќе биде дел од тимот на Алкалоид.
Своето големо искустви ќе се обиде да го пренесе во редовите на тимот од Автокоманда, македонскиот шампионат му е добро познат, останува во текот на подготовките да се прилагоди на системот на работа на тренерот Кирил Лазаров.
„Пристигнав пред неколку дена и ги минав лекарските прегледи. Почнуваме со тренинзи, со нови играчи, така што се радувам на предизвикот наречен Алкалоид. Доаѓам од Берлин, со кого го загубивме финалето, но таков е ракометот. Спортски беше супер да се игра во Бундеслигата. Сега мој предизвик е Алкалоид, очекувањата секогаш се високи. Македонската лига е силна, има четири добри екипи, тука се и останатите против кои мора да играш максимално. Нашата екипа е подготвена да се надигрува, се надевам на сезона без повреди и да ги оствариме целите. Ќе бидеме дел и од Европа, таму играме елиминациска фаза, ја чекаме ждрепката, па ќе може повеќе да зборуваме за тоа“, ни изјави Словенецот.










