Шкендија тргнува по нов подвиг во Европа

116

Долгото европско лето кога станува збор за екипата на Шкендија од Тетово, е стандардизирано. Едноставно тетовци годиниве и тоа како знаеја да направат серија на добри мечеви на интернационална сцена и за се стават на европската фудбалска мапа.

Така беше минатата сезона кога тоа долго европско лето се претвори во најголемиот клупски успех и пласманот во групната фаза од Лигата на Конференции, а потоа и обезбедениот пласман во елиминациите од ова натпреварување.

Токму затоа, Шкендија има полно право да се надева дека и летово ќе го стори истото. Патот на тетовци кон нов историски успех овојпат води преку Словенија, каде што вечерва со почеток од 20:45 часот на стадионот Стожице во Љубљана го игра првиот од двата дуели против тимот на Браво кои се дел од второто квалификациско коло за Лигата на Конференции.

Шкендија веќе одработи еден двомеч со тимот на Европа од Гибралтар. Тоа сепак беше само загревање за она вистинското кое што почнува вечерва.

Избраниците на тренерот Артим Положани велат дека се подготвени за предизвикот и ветуваат беспоштедна битка за нов клупски успех.

 

ПретходноИвановски поради повреда го предаде мечот од второто коло на ИТФ 25 Олерсбах
СледноФИБА вели дека Дамјан Данев е дел од оние кои се во фокусот за следното ЕП во Хрватска